Српскиот виролог Шеклер: Ова веќе не се издржува, плачам и секои 10 дена бришам пораки на пациенти кои починале

Фото: youtube/printscreen

Српскиот виролог Миланко Шеклер во денешното гостување во емисијата „Белградска хроника“ на РТС го сподели крикот на лекарите за запирање на епидемијата на ковид-19 што повторно зема замав.

– Во контакт сум со голем број на лекари, со професори. Стравично е. Ако не пукне здравствениот систем, ќе пукнат здравстгвените работници, вели Шеклер.

Тие, вели тој, повеќе не можат да издржат.

– Кога ќе дигнам телефон кај лекар и го прашам „како си“, тој ми одговора „еве плачам и бришам пораки од пациенти кои починаа“, нагласи Шеклер.

– Тие се кај нас неколку недели, ние се приврзуваме со нив и разменуваме пораки кога не сум во смена и потоа слушам дека починал. И така секои десет дена. И плачам, бидејќи ова повеќе не може да се издржи. Јас не сум навикнат да губам пациенти во ваков број, вели Шеклер.

Српскиот виролог потенцира дека е многу важно преку личен пример да се покаќже на народот како да се однесува.

– Народот е како дете. Народот го прави она што го гледа дека го прави некој друг. Ако на дете му кажете „немој да ги ставаш нозете на стол“, а вие ги држите вашите, и притоа го удрите, тоа ќе биде збунето. Затоа, секој од нас треба да даде пример како треба да се однесуваме, истакна Шеклер.

Некои од лекарите со кои разговарал не сакаат ништо, вели Шеклер, освен да заврши ова лудило.

– Не ни требаат пари, не ни треба зголемување на плати, може и да не нè платат. Се тоа не мора да ни се даде, да ја надокнадиме економската штета, но да се затвори се и да прекине овој циркус, бидејќи не може да се издржи, порача спрскиот виролог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот