Српскиот учител по глума останува во притвор: Судот му одреди уште 30 дена зад решетки

мирослав мика алексиќ
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Апелациониот суд во Белград повторно го продолжи притворот за српскиот режисер Мирослав Алексиќ (69) за 30 дена, јавува Танјуг.

Со оваа одлука на судот се оневозможува Алексиќ да го повтори кривичното дело и да влијае врз сведоците.

Да потсетиме, Алексиќ заврши во притвор под обвинение за силување на актерката Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ додека го посетувале неговото училиште за глума. По нивните признанија, се јавија уште неколку девојки со слична судбина.

– Кога првпат ме однесе во неговата канцеларија, се сеќавам дека еден час зборуваше за женската самодоверба и фаталните жени. Зборуваше за тоа како не постои женска самодоверба, како ветерот може да ја однесе, доволно е да „пукнеш“ со прстите и жената паѓа. Цело време ме гледаше во очи. Во тој момент имав нула самодоверба поради него, но тогаш не бев свесна за тоа – изјавила една од многуте жртви за Алексиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот