Српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ почина на 74-годишна возраст

Во Париз на 74-годишна возраст почина српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ.

Паскаљевиќ дипломирал филмска режија на Прашката академија.

Режираше многу документарни филмови и ТВ драми, а својот прв игран филм „Чуварот на плажата во зима” го сними во 1976 година.

Има снимено над 30 документарни филмови и 13 играни филмови.

Меѓу добро познатите филмови на Паскаљевиќ се: „Специјален третман”, „Варљиво лето 68″, „Буре барут”, „Танго Аргентино”, „Ангел чувар”…

Добитник е на многу престижни награди, вклучувајќи ја и наградата на критичари за најдобар европски филм во 1998 година за „Буре барут” и наградата во Сан Себастијан во 1990 година за филмот „Време на чуда”.

Списанието „Варајети” го прогласи за еден од петте најдобри режисери на годината во 2001 година.

Прочитајте и...  Собранието го изгласа Законот за научно-истражувачка дејност и ќе продолжи со работа во 19 часот

Одликуван беше со Француски орден за уметност и литература.

Тој е првиот филмски режисер што ја доби наградата „Бернард Вики Мост” за хуманизам во своите дела во Минхен во 2002 година.

Поврзани вести

Прекин на струја ги „скокнал“ вредностите на ПМ 10 во Кичево, еве како

Слободен печат

Грција го уапси капетанот на товарен брод што се судри со брод на грчката армија

Илинка Иљоска

Собранието ги усвои новите мерки во борбата против Ковид-19

Слободен печат

Д-р Пановски објасни зошто се неопходни ригорозни мерки

Слободен печат

Мицкоски: Европа да ја разубеди Бугарија да не ја блокира земјава на патот кон ЕУ

Слободен печат

Вархеји го честиташе формирањето на новата Влада на Србија

Илинка Иљоска

Остави Коментар