Српскиот ракометен селектор со СМС порака му даде отказ на помошникот

twitter/KK

Селекторот на српската ракометна репрезентација, Ненад Перуничиќ предизвика шок во спортската јавност кај нашиот северен сосед бидејќи му даде отказ на својот помошник и некогашен соиграч Недељко Јовановиќ.

– Точно е добив СМС порака во која Перуничиќ ме известува дека повеќе не сум негов помошник. Да бидам искрен, не очекував вакво нешто во пресрет на Европското првенство кое започнува во јануари – изјави Јовановиќ кој објаснува што точно се случило.

– Го побарав на телефон, но не се јави. Сакав да го прашам да се направи видео материја од два натпревари на нашата репрезентација и да го поделиме на репрезентативците за да можат да ја анализираат играта. По три часа од тој повик добив СМС порака. Во пораката пишуваше: Не можеме да продолжиме понатаму. не гледаме исто на работите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот