Српскиот претседател Вучиќ на 4 март ќе ги распише изборите во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе распише избори на 4 март по враќањето од Вашингтон, каде ќе учествува на собирот на американско-израелскиот комитет за јавни работи.

Вучиќ додаде дека кампањата за парламентарните избори ќе трае подолго од 50 дена.

-Кога кампањите се толку долги, не мора да се брза, не можете да го достигнете врвот на кампањата, освен ако не направите тактики за тоа, сите ќе имаат време да направат тактики. Се надевам дека листата која што ја предовдам ќе постигне добар резултат-рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот