Српскиот полициски синдикат бара апсење на „провокаторите кои предизвикаа судири меѓу граѓаните и полицијата на протестите“

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Тој наведе дека „недвосмислено е утврдено дека бруталниот напад врз полицијата од вака добро опремени и подготвени групи, е однапред организирано и договорено“.

Полициските синдикат на Србија (ПСС) соопшти дека бара од МВР на Србија и обвинителстото итно да ги идентификуваат, уапсат и процесуираат провокаторите кои предизвикаа судир на полицијата и граѓаните на протестите во Бечград. Претседателот на полицискиот синдикат Вељко Мијаиловиќ во соопштението наведе дека „секој граѓанин на Србија има право на мирен начин и со протести да го изрази своето мислење, но никој нема право да ја напаѓа полицијата“.

„Постојат екстремистички и навивачки групи кои ја мразат полицијата и ја користат секоја прилика да ги напаѓаат припадниците на МВР Србија. На тоа сме сведоци во изминативе два дена. На тие лица постојано им е намера да предизвикуваат немири и што поголеми судири на полицијата и граѓаните, што сметаме дека никому не треба да му биде цел“, вели Мијаиловиќ.

Тој наведе дека „недвосмислено е утврдено дека бруталниот напад врз полицијата од вака добро опремени и подготвени групи, е однапред организирано и договорено“.

„Овде беше намерата полицајците што потешко да се повредат и да се предизвика интервенција. Ниту една полициска интервенција не е убава за око и понекогаш доаѓа до пречекорување на овластувањата, но тоа е последица од повеќечасовното каменување, фрлање на факели врз полицајците како и разни метални предмети“, рече Мијаиловиќ.

Тој апелираше на сите припадници на МВР Србија да работат на спречување на загрозувањето на животите и здравјето и притоа да ги искористат сите, со закон дозволени средства, „но само кон исклучоците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот