Српскиот пејач пред три дена објави дека е позитивен на корона, а сега стигнаа резултатите од неговата сопруга! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Младиот српски пејач Љуба Перучиќ на 26 јуни објави дека е позитивен на коронавирусот,  а тоа го потврди со фотографија од болничкиот кревет, наведувајќи дека ситуцијата му е сериозна.

Денеска се тесираше и неговата сопруга, а сега пак ги објави резултатите.

– Драги мои, само да ве известам дека ми јавика дека не сум позитивна.

Ова е објавата на нејзиниот профил на Инстаграм:

Фото: Инстаграм

– Драги мои ќе биде моја единствена изјава до сега и ве молам вас, немојте да ме вознемирувате. Не сум единствен кој се лечи тука, болницата е полна. Ѕвонењето на телефонот и тоа како ги нервира луѓето околу мене, а нормално и мене – напишал Љуба пред неколку дена, кога објави дека е заразен и додаде:

– Имам воспаление на двете белодробни крила, тестот од Ковид не сум го добил се уште, но нормално е дека се сомневаат дека е тоа. Генерално сум добар, не сум на апарат, му благодарам на Господ. Ги земам сите лекови кои треба и за неколку дена ќе бидам дома. Ќе ги замолам сите кои беа во близок контакт со мене во последно време да внимаваат дали ќе имаат некакви тегоби. Чувајте се и ви благодарам за разбирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот