Српскиот патријарх Иринеј веднаш по затворањето на Јоаникие му пишал молба на Пенс

Веднаш по апсењето на епископот Будимско-никшиќки Јоаникие, патријархот на СПЦ Иринеј упатил итна молба до потпретседателот на САД, Мајкл Пенс.

Тој му пишал да апелира кај црногорските власти за негово итно ослободување и прекин на прогонот над свештенството и верниците на СПЦ, соопштено е од канцеларијата на Иринеј.

„Патријархот Иринеј повторно испрати молба до канцеларијата на потпретседателот Пенс, со обѕир дека верските слободи во светот се еден од приоритетите на американската влада, да направи се што е во негова моќ за да престане прогонот на верска и политичка основа во Црна Гора над епископите, свештенството и народот на Српската православна црква“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се истакнува дека владиката Иринеј продолжува со напорите во дипломатските и круговите на власта во САД „да го привлече вниманието на страдањето и прогонот на СПЦ во Црна Гора“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот