Српскиот опозиционен Народен блок бара референдум за „мини Шенген“

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерите на опозициската коалиција Народен блок, Велимир Илиќ, Момир Стојановиќ и Мирослав Паровиќ денеска повикаа на заеднички фронт против таканаречениот „мини Шенген”.

„Властите во Србија се подготвуваат на самитот во Белград кон крајот на јануари да го финализираат создавањето на таканаречената зона „мини Шенген”, што во пракса значи практично формирање на еден вид лабава конфедерална унија меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија. Без никаква јавна дебата, одлука на Народното собрание и без организирање на фер референдум, режимот на Александар Вучиќ се подготвува да ги намали државноста и суверенитетот на Србија и во еден дел да го пренесе во унијата која се формира. Особено е опасно што „мини Шенген” се планира во делот на Западен Балкан кој е населен со Албанци кои имаат јавни и нескриени територијални аспирации кон Србија, и тоа не само на територијата на Косово“, се наведува во соопштението.

– Прво мора да издејствуваме оваа тема да се одвои од предизборната кампања, која режимот секојдневно ја води и која се обидува да ги задуши сите гласови кои се спротивставуваат на унијата со Албанија и Северна Македонија. На секој начин, мора да се бориме прашањето за „мини Шенген” да го предочиме јасно на граѓаните, со силно барање членството на Србија во оваа унија да може да се дискутира само по фер референдум.

„На овој начин би се формирала реална и силна политичка сила која би била противтежа на властите и би ги спречила постапките на режимите кој се подготвува и кој планира да се исцрпи енергијата на противниците на „мини Шенген” преку соодветни групи“, потенцираа од Народниот блок во соопштението за печатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот