Вучевиќ: Армијата е на административната линијa со Косово – освен политички, не се исклучува и друг одговор

Фото: Профимедиа

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, по повод подигнувањето на борбената готовност на српските вооружени сили, изјави дека армијата е распоредена на позиции кон административната линија, додавајќи дека Србија нема да дозволи уште една „Бура“ и оти земјата  „ќе најде соодветен одговор, пред сѐ политички, но не и исклучува и друг, кој ќе биде адекватен на опасноста што ѝ се заканува на државата и нејзините граѓани“, објавија српските медиуми.

„Тоа значи дека нешто пред 14 часот, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија издаде дополнителни наредби единиците на Вооружените сили на Србија да заземат одредени позиции кои беа дефинирани во согласност со нашите одбранбени планови, стратешки планови, а исто така и оперативно-тактичките акции на српските вооружени сили, со цел заштита на суверенитетот на Република Србија и нејзините граѓани“, рече Вучевиќ.

Според соопштението, српската армија е распоредена на позиции кои се на административната линија со Косово

„Од утринава навистина сè тргна наопаку, за жал, она што претседателот на Републиката го кажа и предупреди во претходните денови и недели дека Курти нема да престане и ќе продолжи да спроведува активности насочени кон дополнително загрозување на српската заедница“, рече Вучевиќ.

Тој посочи дека во тек е обид за окупација на сите општини на северот на Косово од како што рече апсолутно нелегитимни и незаконски избрани таканаречени општински раководители, под покровителство на таканаречената косовска полиција, односно специјалните полициски единици на Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот