Српскиот Кризен штаб најавува воведување две нови мерки, едната се ковид пропусниците

Србија, Кризен штаб / Фото: Архива

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, изјави дека е сигурно дека Кризниот штаб ќе воведе две нови мерки за сузбивање на пандемијата на коронавирус – воведување на Ковид пропусници и намалување на дозволениот број на луѓе на собирите, јави дописникот на МИА од Белград.

Ѓерлек за Блиц изјави дека државата се има направено и прави се за да ги заштити своите граѓани, но дека не може сама, и дека е неопходна поголема колективна одговорност, односно дека е потребно граѓаните да се вакцинираат во што поголем број и да се подигне колективниот имунитет.

-Сега ни требаат 80 отсто вакцинирани. Ќе бидам искрен, сериозно се размислува за ковид пропусниците, за кои очекувам дека ќе се дискутира на следната сесија. Исто така, ќе се намали и дозволениот број на луѓе на собири, изјави Ѓерлек.

Тој додаде дека не се согласува со оценките дека се работи за дискриминација, дека невакцинираните треба да се одделат од вакцинираните, бидејќи државата веќе покажала дека не е за дискриминација штом дозволила вакцинацијата да биде доброволна.

-Она што би било потребно е или да сте вакцинирани, или да имате прележано ковид, или само да дадете некаков доказ дека не сте заразени, тоа е сè, кажа Ѓерлек. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот