Српскиот готвач кој исчезна во Загреб пронајден во затвор во Словенија?

Познатиот српски готвач Дејан Маркус кој беше прогласен за исчезнат во Загреб денес е пронајден. Според неофицијалните сознанија на хрватскиот портал „Индекс.хр“, тој се наоѓа во затвор во Словенија, но засега не се познати повеќе детали.

Во меѓувреме, профилот на Маркус е отстранет од Евиденцијата за исчезнати лица. Од полицијата за „Индекс“ потврдиле дека потрагата по него е завршена, но обезбедиле повеќе информации за случајот.

Полицијата по Дејан Маркус трагаше од вчераутро.

Последен контанкт со него остварила негова пријателка минатиот петок, кога ѝ рекол дека се наоѓа на пат надвор од границите на Хрватска и дека ќе ѝ се јави кога ќе се врати во сабота. Но, тоа не се случило, информираше неговата сестра Јелена Маркус Вучковиќ.

Неговата сестра вчера за медиумите изјави дека неговото исчезнување го пријавила во полиција и дека се надева оти тој брзо ќе биде пронајден.

За неговото пронаоѓање е известена и неговата сестра.

Во Хрватска исчезна познат готвач од Белград – полицијата, сестра му и пријателите неколку дена трагаат по него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот