Српскиот Генералштаб доби порака: Ако Вучиќ нареди напад на Косово, НАТО ќе одговори за неколку часа

Американски војници/Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа добил јасна порака од офицер на Генералштабот, смета Томас Тајнер, поранешен припадник на италијанската војска и експерт за копнени сили на НАТО и одбранбена стратегија на Алијансата, објави белградски Данас.

„Мислам дека офицерите на Генералштабот на Србија синоќа му објаснија на претседателот Вучиќ дека доколку се осмели да го нападне Косово, борбените авиони на НАТО ќе реагираат во рок од неколку часа… Во рок од 48 часа 173-та воздушно-десантна бригада на Армијата на САД ќе биде авионски префрлена на аеродромот во Приштина, а падобранската бригада на италијанската армија „Фолгоре“ по воздушен пат до аеродромот Ѓаковица (кој италијанската армија го изгради за оваа намена)“, пишува Тајнер.

Тајнер понатаму на Твитер наведува дека еден ден подоцна ќе биде активирана механизирана бригада на италијанската армија „Пинероло“, која се наоѓа во Бари и неговата околина, и ќе биде испратена од 3-та поморска дивизија на италијанската морнарица со своите амфибиски бродови од Бриндизи до Драч во рок од 2 дена.

Од Драч до Митровица, вели тој, на „Freccia IFVs“, борбено возило на моторизираната бригада Пинероло и на уништувачите на тенкови „Centauro“ ќе им требаат шест часа за да стигнат благодарение на автопатот А1, кој е кофинансиран од Западот.

Накратко, заклучува овој експерт, НАТО има планови и тренира за одбрана на Косово 23 години.

„Ако Србите некогаш отидат и го нападнат НАТО, силите на Алијансата би ги надминале во воздух за неколку часа, а на земја за неколку дена. А НАТО се погрижи тоа да го знаат генералите на Србија“, заклучува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот