Српскиот фудбалер Живковиќ ја плати целата сума за лекување на осумгодишно девојче!

Фото: EPA-EFE/SAVVIDES PRESS

Од Ниш преку Белград и Лисабон до Солун. Така животот го води Андрија Живковиќ, кој уште еднаш покажа дека е голем хуманитарец и дека не заборавил на луѓето од неговиот роден град.

Српскиот фудбалер кој ги брани боите на ПАОК ја плати целата сума за лекување на осумгодишната Лана од Ниш, поточно 23.000 илјади евра.

На девојчето му е дијагностицирано тумор во мозочното стебло и итно е потребна терапија со зрачење во Турција, а веста од помошта на Андрија ја открија пријателите на семејството на Лана, кои зборуваа за хуманиот гест на фудбалерот.

– Денес зборот човек е напишан во името на Андрија Живковиќ. Овој прекрасен млад човек денес ја плати целата сума за лекувањето на Лана. Ви благодариме на сите што издвоија драгоцени пари за да ѝ помогнат на Лана, секоја исплата ќе биде искористена за оваа намена. Сите помогнавте од срце.

Не е првпат 24-годишниот Живковиќ да ја покаже хуманоста – пред околу три години му помогна на новинарот Александар Николиќ да замине на лекување во странство и со тоа да ја продолжи борбата против леукемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот