Српскиот епидемиолог Кон: Најразвиените земји вакцината прво ќе ја прозведат за себе, а после за другите

Предраг Кон /Фото: МИА

Српскиот епидемиолог Предраг Кон, во гостување на утринската програма на Пинк Тв разговараше за коронавирусот како и за вакцина, при што кажа дека најразвиените земји прво ќе ја направат таа за себе, па после за другите.

-Искуството со САРС од 2009 година покажа дека најразвиените земји први имале вакцина и дека нивната распределба не била така како што се очекувало, Почнала да се користи кон крајот на август и септември, а ние ја добивме дури во декември. Така најверојатно ќе биде сега. Не знам кога вакцината ќе биде произведена, но знам дека најразвиените земји прво ќе ја добијат за себе, а ние ќе ја добиеме дури кога ќе дојдеме на ред – рекол доктор Кон и додал:

Тој додаде дека трката за кој прв ќе најде вакцина меѓу најразвиените земји не е само заради хуманизам, туку во голем дел и заради бизнис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот