Српскиот државен врв ноќеска на вонреден состанок расправаше за состојбата во регионот

По два часа, околу полноќ е завршен двочасовниот состанок на државниот врв на Србија, кој итно го свика претседателот на Србија Александар Вучиќ, поради влошената ситуација во регионот, пренесува „Танјуг“.

На состанокот со претседателот Вучиќ присуствувале министрите за надворешни работи Ивица Дачиќ, за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, за одбрана Александар Вулин и директорот на БИА, Братислав Гашиќ.

Како што дознава српски „Курир“ од извори блиски на државниот врв на Србија, двочасовниот состанок бил тежок, а одржан е поради најновите настани во Црна Гора.

Највисоките државни органи на Црна Гора, со врвот на тамошната полиција, наводно, според пишувањата на српските медиуми, имаат намера да направат нова ескалација на насилство и со лажни медиумски извештаи за тоа да го обвинат официјален Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот