Српскиот доктор со загрижувачки информации: Млади пациенти умираат во рок од 24 до 48 часа

Српскиот кардиохирург Миљко Ристиќ изјави дека обдукциите на оние кои починале од коронавирусот покажале страшни резултати.

„Во Србија се извршени 17 обдукции, иако СЗО не препорачува обдукција на оние што починале од Ковид-19, затоа што постои огромен ризик присутните да се заразат. Кога станува збор за резултатите од обдукцијата, тие мора да бидат познати и посебно треба да ги знаат младите, за да послужат како еден вид предупредување“, вели доктор Ристиќ.

Kардиохирургот посочува дека умираат и млади луѓе, а најголем дел од спроведените обдукции во Србија биле на млади пациенти кои починале во рок од 24 до 48 часа.

„Ова не е едноставна пневмонија или настинка, туку сериозна болест. Треба да се влијае врз свеста на младите за да ги намалат непотребните активности, а тоа е единствениот реален начин да се спречи епидемијата“, истакна доктор Ристиќ во изјава за „Пинк“.

Тој потенцира дека во овој момент младите се разболуваат под ист ризик како и старите лица, иако немаат историја на претходни заболувања.

„Честопати и младите завршуваат за еден до два дена. Разберете дека вирусот е во нашето опкружување и дека секој е потенцијален кандидат за ова тешко заболување“, вели докторот.

Ристиќ посочува дека вирусот предизвикува инфекција, ги уништува белите дробови, а кај оние што ќе го прележат остава трајни последици по нивното здравје како зачестена малаксаност и замор.

„Ниту еден лек или респиратор не може да ја врати функцијата на белите дробови“, предупреди докторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот