Српски судија поради местенки исфрлен од фудбалот на десет години и оди 15 месеци зад решетки

Срѓан обрадовиќ досуди два сомнителни пенали на еден натпревар ма кој биле забележани големи уплати/ принтскрин/јутјуб

Апелацискиот суд во Нови Сад ја потврди одлуката за исфрлање на поранешниот судија Сржан Обрадовиќ од фудбалот во наредните десет години.

На Обрадовиќ му е изречена „забрана за вршење на било какви фудбалски активностви во Фудбалската федерација на Србија“. Апелацискиот суд ја потврди пресудата на Вишиот суд во Нов Сад од 26 март со која на Срѓан Обрадовиќ му е одредена и затворска казна во траење од 15 месеци.

Судијата Срѓан Обрадовиќ беше приведен по натпреварот кој го судеше Спартак Суботица – Раднички Ниш кој заврши со триумф на домаќинот од 2:0, поради „искористување на службената положба и фаворизирање на домашниот тим“.

Натпреварот се играше на 13 мај 2018 година, а двете екипи беа во игра за пласман во европските купови, но во обложувалниците биде регистрирани големи уплати на победа на гостинскиот тим.
За време на судскиот процес, сведоците потврдија дека одредени лица, на полувремето влегле во соблекувалната на судиите. Домашниот тим двата гола ги постигна од пенал во 66. и 79. минута.

Видео на денот