Српски спортисти не сакаат да се вратат од Турција и да бидат во карантин

twitter/Fenerbahçe Beko

Само славниот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ денеска се врати во татковината.

Поголем дел од српските спортисти кои настапуваат во Турција одбиле да се вратат во татковината бидејќи задолжително треба да поминат 14 дена во самоизолација, а единствен кој се враќа е тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ.

Ова го изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ кој напомена дека денеска авион од Белград полетал кон Истанбул.

– Нашата влада секојдневно праќа по два авиони за да ги врати дома нашите граѓани. Ние вративме окоу 150 турски државјани во Истанбул, а турската влада во знак на благодарност ќе ни донира заштитна опрема.

Со истиот авион ќе си дојде дома и Жељко Обрадовиќ заедно со семејството. Интересно е што нашите спортисти не сакаа да се вратат. Кога ќе слушнат дека мора да заминат во карантин тие сметаат дека е подобро да останат таму – изјави Давиќ за српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот