Српски претприемач купи пет отсто од акциите на хрватски Краш

Фото: Flickr

Акциите на хрватската фирма Краш во последните неколку дена ги купуваше „Kappa Star Limited“, кипарска фирма во сопственост на српскиот претприемач Небојша Шарановиќ. Фирмата сега има удел од пет отсто од акциите на Краш, известија од хрватската компанија преку загрепската берза, објави „Индекс.хр“.

– Добивме известување од акционерите на „Kappa Star Limited“ за достигнување и преминувањето на прагот од пет отсто на гласачките права во Краш – стои во објавата на хрватската фирма за кондиторски производи, според која кипарската фирма го минала прагот од пет отсто во понеделникот.

Така, досега неофицијалните информации на „Јутарњи лист“ се и службено потврдени. „Купувачот од сенка“ Небојша Шарановиќ, кој е сопственик на кипарската фирма, во регионот е најпозната по кексите „Јафа“.

Според податоците од известувањето кое Краш го добил од компанијата „Kappa Star Limited“, тие купиле вкупно 80.166 акции на хрватската фирма, или 5,349 отсто од вкупната бројка.

Според „Индекс“, денес продолжи интезивното тргување со акциите на Краш, и хрватските медиуми претпоставуваат дека и кипарската компанија на Шарановиќ дополнително го зголемила својот удел во Краш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот