Српски новинар е уверен дека Џон Ленон му бил син на Дража Михајловиќ, напишал цела книга
„Го завршив романот за Џон Ленон во кој, сосема сериозно, докажувам дека Ленон бил син на (четничкиот водач од Втората светска војна) Дража Михајловиќ. Тоа нема да им се допадне на Србите, а камоли на Англичаните и на остатокот од светот, но јас сум задолжен за соопштување на непријатните вистини“ – ова го вели Драган Јовановиќ, српски писател, новинар, еколошки активист и филозоф со неконвенционални идеи, чиј став за историјата, нималку според канонот, често ги лути конзервативните српски кругови, пишува „Данас“.
Јовановиќ бил долгогодишен уредник во списанието „НИН“ и со години ја пишуваше колумната „Постекологија“ за овој неделник, а денес неговите колумни може да се прочитаат на истоимениот блог.
Покрај тврдењето за семејната врска меѓу Михајловиќ и Ленон, Јовановиќ има и несекојдневни погледи на религијата на Србите и на словенските народи воопшто – тој тврди дека по диктат на Ватикан, на Словените им е наметната „јудеохристијанската вера“, која се темели на нашата „стара вера“.
„На Сува планина во моето Видово организирам научни конференции, следната веројатно ќе биде за селскиот комунизам. Таму подигнав статуа на богот Вид, прва поставена во последните 800 години, затоа што Немањиќите, според мене големи српски злосторници, по наредба на Ватикан ни го наметнаа јудеохристијанството. Србите тешко можат да го прифатат тоа, а не знам колку години, години ќе бидат потребни за да дојде до српската колективна свест“, вели Јовановиќ во интервјуто за „Данас“.