Српски натпреварувач во кросфит загина за време на пливање во езеро во Тексас
Натпреварувач во „CrossFit Games“ почина додека се натпреваруваше во пливање на езеро во Тексас.
Извршниот директор на „CrossFit“, Дон Фаул, за време на прес-конференција рече дека се „длабоко тажни“ поради смртта на еден од нивните спортисти во езерото Марин Крик во Форт Ворт и дека работат со властите на истрагата за смртта.
Канцеларијата на медицинскиот преглед во округот Тарант го идентификуваше спортистот како 28-годишниот Лазар Дукиќ од Србија.
Официјален претставник на противпожарната служба на Форт Ворт рече дека тие биле повикани околу 8 часот наутро и дека телото на спортистот било пронајдено околу еден час подоцна.
Фаул рече дека заедницата „CrossFit“ е како семејство.
„Ние правиме се што е во наша моќ во овој трагичен период за да го поддржиме семејството, да ја поддржиме нашата заедница“, рече Фаул.
Мисијата на „CrossFit Games“, првпат одржана во 2007 година, е да ги „пронајдат најсилните спортисти во светот“, се вели на веб-страницата „CrossFit“.
Се вели дека игрите се менуваат секоја година и често деталите не се објавуваат пред самиот настан.
Во биографијата на Дукиќ на веб-страницата стои дека тој бил треторангираниот спортист во оваа дисциплина во Србија и 88-то рангиран ширум светот.