Српски “Курир” со ШОКАНТНА насловна: Боки 13 се заканил, ако го убијат, доказите се кај мајка му

На насловната страница на утрешниот српски Курир се наоѓа Боки 13 и го пренесуваат неговиот наводен исказ за полиција.

– Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка, гласи насловот на утрешниот Курир.

На фотографиите покрај насловот, може да се види Боки 13 со неговата мајка, како и со премиерот Зоран Заев, како и Катица Јанева.

– Ако ме обесите и се обидете тоа да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, ме мачите, застрашувате, убаво сега ви кажувам, да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден – била заканата што наводно Боки 13 ја кажал во полиција, според Курир.

Дел од српските медиуми и во вчерашните написи за аферата „Рекет“ и новите објавени снимки од италијанскиот весник „Ла Верита“, директно го врзуваа премиерот Зоран Заев со овој скандал. Впечаток е дека овие медиуми оркестрирано излегоа со сензационалистички наслови во кои јасно се препознава намерата да се дискредитира актуелната македонска Влада и премиерот Заев.

Засега единствени осомничени во случајот „Рекет“ се Боки 13 и Зоки Кичеец, а познато е дека премиерот Заев прв пријавил наводи за рекет во обвинителството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот