Српски ИТ експерти обвинети за 70 милионска измама во САД пуштени од притвор по една година

Фото: EPA-EFE

Деветмината ИТ експерти кои се осомничени за дигитална измама вредна околу 70 милиони долари во САД, денес се пуштени од екстрадиционен притвор во Србија.

Еден од нив е Кристијан Крстиќ (45) од Ниш, кој денес за првпат го виде и го прегрна својот осуммесечен син Крис. Уште од раѓањето на детето, тој беше зад решетки и не му беше дозволено да го види новородениот син.

САД обвинија вкупно 11 експерти за ИТ, од кои едниот е во САД, додека сопругата на Кристијан, Ксенија, исто така опфатена со обвинението, беше ослободена од притвор пред породувањето, но таа беше обврзана да носи дигитална алка на ногата.

На деветмина ослободени денес им истече законскиот притвор затоа што беа приведени на 23 јули минатата година.

Сопругата на Кристијан, Ксенија (44) за српски Курир изјави дека за нивната екстрадиција во САД треба да одлучи Судот за човекови права во Стразбур на 16 август.

Таа вели дека не треба да им се суди затоа што биле само посредници на платформите каде се нуделе „можности за инвестиции“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот