Српски функционер вратен од косовската граница

Косовската полиција не му дозволи влез во земјата на заменикот директор на српската Канцеларија за Косово Душан Козарев, затоа што претходно не добил дозвола и не ги информирал за посетата надлежните косовски институции.

Информацијата ја објави портпаролот на косовското Министерство за надворешни работи Јетлир Зиберај, кој вели дека Козарев е вратен единствено поради тоа што не ја испочитувач формалната процедура за посети на официјалните лица од едната држава во другата.

– На Козарев, заменикот на (Марко) Ѓуриќ, му е одбиен влезот во Косово од страна на полицијата бидејќи тој не ја запознал Владата на Косово за посетата и за целите на посетата. Доколку го стореше тоа, Владата на Косово ќе му дадеше дозвола. Следствено, ќе му го доделевме и потребното обезбедување. Српските функционери не можат да го посетуваат Косово без да го почитуваат договорот од Брисел – напиша Зиберај на својта страница на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот