Српски документарец стана хит на „Нетфликс“ за само една недела од неговото емитување

The Long Road to War
The Long Road to War / Фото: Принтскрин / ИМДБ

Документарецот на Милош Шкундриќ, „The Long Road to War“ или „Долгиот пат до војната“, се вивна меѓу 10-те најгледани филмови на „Netflix“ во 14 европски земји во првата недела од прикажувањето.

Продуцентската куќа „Paradox Film“ истакнува дека филмот има особено добра гледаност во нордиските земји. Во Холандија завршил на деветто место, а во Шведска на шесто.

„Ова е важна вест за српската кинематографија и српската историографија“, се вели во соопштението на продуцентската куќа.

Филмот прикажува разговори со историчари кои откриваат како настанала Првата светска војна. Во филмот играат Џон Рол, Хју Страхан, Доминк Ливен, Аника Момбауер, Олег Ајрапетов, Жорж-Анри Суту, Лотар Хобелт, Стиг Форстер, Жан Пол Блед, Алан Аскед и Душан Батаковиќ.

Филмот се појави на „Netflix“ на годишнината од атентатот

Документарниот филм се појави на стримиг сервисот на 28 јуни, точно на годишнината од атентатот на хабсбуршкиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го изврши Гаврило Принцип кој со пиштол смртно го ранил Фрац Фердинанд и неговата сопруга Софија.

Документарецот се прикажува во 30 европски земји, каде што „Netflix“ има повеќе од 70 милиони претплатници и истиот ќе биде достапен за гледање во следните пет години. Низ годините, филмот е наградуван на бројни меѓународни филмски фестивали.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот