Автобус со деца од Србија се преврте на автопатот „Тракија“ во Бугарија

Фото Принтскрин

Автобус кој превезувал деца од Србија вечерва излетал од автопатот „Тракија“ и се превртел во канал кај бугарскиот град Стара Загора, изјави за Нова.бг Станимир Станев, заменик главен секретар на бугарското МВР.

Несреќата се случила околу 20 часот и 10 минути, на 216-от километар од автопатот во правец на Софија. Според првичните информации, најмалку десет деца се тешко повредени.

Полицијата и пожарникарите се на терен. Сообраќајот на овој дел од автопатот е ограничен за да се обезбеди зелен коридор за транспорт на повредените деца до болниците.

На местото на настанот пристигнале пет полициски и пет екипи на противпожарната служба, како и Итната помош, а многу возачи застанале и помогнале да се извлечат повредените деца од автобусот. Меѓу повредените е и возачот. Децата од Србија се враќале од одмор на бугарското црноморско крајбрежје.

Засега нема информации за загинати, но меѓу пренесените во болница има тешко повредени, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот