Српската војска ги претстави новите руски хеликоптери

фото: ЕРА/MAXIM SHIPENKOV

Српската армија денеска претстави нови хеликоптери купени во Русија, а српскиот претседател Александар Вучиќ кој присуствуваше на церемонијата на воениот аеродром во Батајница кај Белград, нагласи дека со набавката „значително се зголемени перформансите и можностите на ВС”.

Вучиќ рече дека новите хеликоптери Ми-35, Х145М и Ми-17 се набавени затоа што „значително е подобрена состојбата” во државниот буџет и дека се набавени „со значителен попуст и олеснувања” што руската страна и ги даде на Србија.

Вучиќ рече дека станува збор за најсовремени европски и руски хеликоптери и истакна дека тие летала ќе служат како чувари на Србија.

Русија ги испорача хеликоптерите неколку месеци пред истекот на рокот, а беа донесени во Белград со карго-авион на руската армија два дена пред средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 4 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот