Српската Влада воведе привремена забрана за влез на странски државјани од земји жаришта на Ковид 19

Во мерките е и препораката за строго почитување на забраната за патување на вработените во системот на здравствена и социјална заштита во Република Србија во земји со интензивно пренесување на КOVID-19 како и во жариштата на епидемијата.

Владата на Србија на денешната седница донесе дополнителни мерки за спречување на ширење и контрола на заразното заболување Ковид-19, според препораките на српските епидемиолози и во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО), јави дописникот на МИА од Белград.

-Се воведува привремена забрана за влез во Србија за странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно пренесување на коронарен вирус. Ова се однесува на лица кои престојувале во Италија, одредени провинции на Република Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија, се наведува во соопштението на српската влада.

Во мерките е и препораката за строго почитување на забраната за патување на вработените во системот на здравствена и социјална заштита во Република Србија во земји со интензивно пренесување на КOVID-19 како и во жариштата на епидемијата.

Во соопштението се наведува дека благодарејќи на навремената и одговорна реакција на здравствениот систем, бројот на лица кои страдаат од коронарен вирус во Србија е четири.

-Нема простор за паника и загриженост бидејќи Србија реагираше одговорно од самиот почеток и ги заостри контролите на граничните премини, особено на аеродромите. Упатствата на Светската здравствена организација и препораките на епидемиолозите се почитуваат, а некои од нив имаат лично искуство во справување со слични ситуации, се наведува во соопштението.

Српската влада ги повикува граѓаните исклучиво да ги следат советите на надлежните.

Министерството за здравство на Република Србија со Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут”, мрежата на заводот за јавно здравје и надлежните здравствени установи ја следат епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот во Србија и во светот и во согласност со новите знаења и препораки на Светската здравствена организација, ќе издаваат соопштенија за јавноста и упатства за постапките на здравствените установи и другите надлежни органи и институции, соопштија од српската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот