Српската Влада ќе го зголеми бројот на лаборатории за тестирање на коронавирус

Фото: МИА

Српската Влада на денешната седница донесе одлука да ги утврди сите лаборатории кои се квалификувани за спроведување на тестови за коронавирус, односно вклучување на ветеринарните институти во лабораториско тестирање, соопшти од Владата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во владиното соопштение се наведува дека, „заради потребата да се обезбеди здравствениот систем пред претсојниот есенски период, со цел дополнителна заштита на населението од заразната болест ковид-19, Владата одлучи да го зголеми бројот на лаборатории во кои ќе биде овозможено тестирање.”

Се работи за лаборатории на здравствените установи и сите микробиолошки лаборатории во јавна сопственост, кои вршат активности од областа на здравјето на животните, безбедност на храната, контрола на квалитетот и безбедноста на млекото и тестирањето на забранети, недозволени, штетни и непожелни материи во храната и во добиточната храна, здравјето на растенијата, семето и садниот материјал и банките за растителни гени, се вели во владиното соопштение за медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот