Српската влада ја забрани работата на сите објекти и дејности кои подразбираат физички контакт

Донесена е одлука да се затворат и сите кладилници, коцкарници и слот клубови и тие од сега па натаму можат да ја вршат работата само по електронски пат.

Српската Влада на денешната седница донесе нови одлуки во врска со спречувањето на ширењето на  Ковид-19.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во соопштението на владата се наведува дека целосно се забранува работата на сите објекти и активности кои подрабираат близок физички контакт, како што се фризерски салони и козметички салони, фитнес-клубови, теретани.

Донесена е одлука да се затворат и сите кладилници, коцкарници и слот клубови и тие од сега па натаму можат да ја вршат работата само по електронски пат.

-Со оглед на специфичните потреби што ги наметнува сегашната состојба, решено е за одредени занимања домашната самоизолација да важи 14 дена, наместо досегашните 28. Ова се однесува на здравствените работници, чуварите на затворите и припадниците на Министерството за внатрешни работи и на војската, се наведува во соопштението на владата, во кое се додава дека е донесена одлука знамињата на сите јавни институции од денес па натаму да се спуштат на половина копја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот