Српската Влада донесе мерки поврзани со Косово

Влада на Србија/ Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Владата на Србија на денешната седница донесе заклучок со кој се усвојува пакет правни и економско-социјални мерки насочени кон заштита на правата на Србите и виталните државни и национални интереси во Косово, оперативен план за спроведување на одредени мерки во социјално-економската област, како и Министерството за одбрана да поведе процедура за задолжително служење на воен рок.

– Мерките подразбираат силна дипломатска кампања на сите државни органи за заштита и борбата за почитување на правата на српскиот народ на подрачјето на Косово, кои се загрозени од едностраните и насилни потези на Албин Курти, поради што е неопходно враќање на статус кво, како основа за почитување на сите достигнувања на дијалогот, се наведува во соопштението на Владата.

Сетот мерки вклучува и силна финансиска поддршка за српскиот народ на подрачјето на Косово, преку доделување по 20.000 динари (околу 10.000 денари) месечно за 5.000 невработени и социјално најзагрозените корисници, бесплатни учебници за сите деца, надоместок за ужина за децата во предучилишното образование, основните и средните училишта, нови работни места, инфраструктурни проекти во форма на изградба и адаптација на нови куќи за српскиот народ во Косово и Метохија, се со цел системска поддршка за одржлив опстанок на српскиот народ на овие простори.

– Со цел заштита на виталните национални интереси на српскиот народ во покраината, ќе се формира Специјално обвинителство за гонење на злоупотреби и кршење на основните човекови права, узурпација на имот, загрозување на физичкиот интегритет и достоинство на српските граѓани на Косово и Метохија, се наведува во соопштението на Владата.

Со одлуката што денеска беше усвоена на седницата на Владата на Србија се потврди ставот за отпорноста на српските институции на подрачјето на Косово и Метохија, кои нема да биде згаснати, како и одлуката за незаконитоста на сите органи и институциите основани на територијата на Косово по незаконското еднострано прогласување независност и непостоењето на сите нивни акти кои се донесени или ќе бидат донесени.

Пакетот мерки и оперативниот план се обврзувачки за сите органи на државната управа, владините канцеларии, сите функционери, како и за преговарачите од српска страна во Дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Членовите на Владата донесоа и заклучок со кој се наложува Министерството за одбрана да ја поведе постапката за враќање на задолжителниот воен рок во траење од 75 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот