Српската полиција ги смести мигрантите од центарот на Блеград во прифатните центри
Припадниците на српската полиција денес ја започнаа акцијата за пронаоѓање на мигранти со нерегулиран статус. Според соопштението, беа пронајдени 46 од лица кои беа пренесени во прифатните центри.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека акцијата е спроведена на територијата на белградската општина Савски Венац.
Тие најавија дека оваа акција ќе се одвива редовно во наредниот период.
„Покрај редовните активности за пронаоѓање на нерегуларни мигранти, Министерството за внатрешни работи постави контролни пунктови во прифатните центри во Обреновац и Крњача, каде го контролира нивниот излез и влез од прифатните центри“, се наведува во соопштението.
Како што се додава, припадниците на полицијата на тој начин се грижат за личната и имотната сигурност на граѓаните, но и на мигрантите на кои ќе им се обезбеди почитување на сите законски и човекови права, медицинска заштита, храна и соодветно сместување во прифатните центри.
Извор:Бета