Српската полиција провери 224 училишта, сите дојави за бомби биле лажни

Фото: OLIVER BUNIC / AFP / Profimedia

Екипите на МВР до 13 часот извршиле увид во вкупно 224 училишта на териториите на училишните управи на Нови Сад, Ниш и Лесковац, кои претходно добиле дојава дека е поставена експлозивна направа, во кои е утврдено дека тие биле биле лажни, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти министерството за образование, наука и технолошки развој, дојава за поставени бомби во училиштата во Нови Сад добиле 137 училишта, а до 13 часот екипите на МВР извршила увид во 125 институции.

Во Ниш контролирани се 56 училишта од вкупно 71 што добиле пријава.

Во Лесковац дојава добиле 91 училиште, а до 13 часот преглани се 43 училишта.

Во училиштата што се уште не се прегледани, наставата ќе се одржува онлајн, се наведува во соопштенеито на Министеството за образование, во кое се додава дека училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за начинот на организирање на наставата и враќање на непосредна настава.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот