ВИДЕО: Српската полиција го уапси Џемшит Арифи од Приштина, во Белград водел протест против корона-мерките

35-годишниот Џемшит Арифи бил уапсен откако го блокирал сообраќајот на улица во центарот на Белград / фото: Информер/принтскрин

Еден од поекспонираните водачи на протестите против мерките на српските власти за справување со епидемијата на коронавирусот, Џемшит Арифи од Приштина, е уапсен вчеравечер во Белград поради „дрско и безобѕирно однесување“, јавуваат српските медиуми. Според полицијата, тој одбил да му биде направен алкотест и не носел личен документ, по што бил приведен, а судија за прекршоци му одредил 24-часовно задржување.

Во Белград неколку дена по ред се случуваат протести против вакцинацијата и владините антиепидемиолошки мерки. На протестите, на кои имаше и спорадични судири меѓу полицијата и учесниците, можеа да се слушнат теории на заговор и тврдења невтемелени во науката.

„Одиме сите во кафеана по десет часот, како што тоа го правевме цел живот! Нема никој право да ни забранува движење, тие се должни да нѐ услужат по закон, без дискриминација“, рече еден од демонстрантите кои им се обратија на собраните на вчерашниот протест.

35-годишниот Арифи, според извештаите, бил пријавен како жител на Приштина, а полицијата го уапсила откако учествувал во блокирање на улици во центарот на Белград, што е забележано и на снимка која ја објавија медиумите:

Провладините медиуми лиферуваа и шпекулации дека е можно тој, како косовски Албанец, да ги користи протестите како „шанса да прави хаос“ во српскиот главен град. Полицијата соопшти дека во постапката против Арифи ќе биде вклучена и српската БИА (Безбедносно-информативна агенција), како и СБПТЕ (Службата за борба против тероризмот и екстремизмот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот