Српската пејачка Мерима Његомир тешко болна, се бори со рак: „Не се чувствувам добро“

Како што пренесуваат српските медиуми, пејачката Мерима Његомир е тешко болна. Долго време не се појавила во јавност, а причината е лошата болест со која со месеци лавовски се бори. Имено, познатата пејачка на народна музика води битка со тешка форма на тумор.

 

– Некои колеги успеаја да се слушнат со Мерима и велат дека е многу болна. Последниот месец паднала во кревет, колабирала и не станала од креветот. Ја посетуваат само децата, ѝ носат намирници и ѝ го чистат станот, додека најмладата ќерка се преселила кај неа, за да ѝ биде при рака и да ѝ даде поддршка во овие тешки денови. Тешко ѝ е да објаснува каква ѝ е здравствената состојба, па избегнува да разговара со секого – открива за „Стар“ колешка на Мерима која сакала да остане анонимна.

„Како што се зборува, Мерима и претходно имаше здравствени проблеми кои сама ги решаваше во тишина, меѓутоа, сега болеста се врати и е во напредна фаза. Кон крајот на летото отиде на испитувања, одеше од лекар на лекар и сите ѝ го кажуваа истото, па таа се помири со својата судбина. Летово дури немаше сили ниту да оди во нејзината куќа на Космај. Иако сите коишто знаат молчат, се во шок и во неверување, никој не сака да се огласува затоа што мисли дека тоа е нешто лично, а и кога е болеста во прашање никој не сака да се меша и да дава прогнози. Многу постари колешки заплакаа кога слушнаа за Мерима и нејзината тешка борба со ракот, бидејќи сите многу ја сакаат“, заклучува пејачката за споменатиот весни.ж

Марима за „Пинк.рс“ потврдила дека не се чувствува добро.

Не се чувствувам добро, се борам против тешка болест. Со голем тим стручњаци и лекари се надевам дека ќе се изборам со оваа тешка болест… Навистина не можам да зборувам, а камоли да зборувам на таа тема. Мојата куќа е полна, тука е моето семејство, сите се покрај мене – тоа било се што им рекла на новинарите. Посебна причина што нејзиното семејство завчера било собрано кај неа е и поводот – Мерима го прославила 68-иот роденден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот