СРПСКАТА ОПОЗИЦИЈА НЕ ГО МЕНУВА СТАВОТ: Средбата со делегацијата од ЕП не ги „убеди“ да не ги бојкотираат изборите

Фото: МИА

Претседателот на Народната партија (НС) и претседавач на Сојузот за Србија (СзС), Вук Јеремиќ, по средбата со делегацијата на Европскиот парламент изјави дека СЗС нема да ја промени својата одлука за бојкот на изборите и најави дека следната недела повторно ќе зборува со европарламентарците.

Претседателот на Социјалдемократската партија и поранешен претседател на Србија, Борис Тадиќ, кажа дека бојкотот е изнудено решение и дека би сакал ситуацијата да е таква за опозицијата да излезе на гласање, додека од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) порачаа дека одлуката за бојкот ќе ја донесат кога ќе се заврши меѓупартискиот дијалог.

Јеремиќ, по средбата со делегацијата на ЕУ, во Белград, на која присуствуваа Дејвид МекАлистер, Манфред Вебер и Владимир Билчик, изјави дека СЗС нема да учествува во меѓупартискискиот дијалог во српскиот Парламент, туку ќе се состане одделно со делегацијата на ЕП која посредува со разговорите.

Според него, денешниот разговор бил конструктивен, но Јеремиќ вели дека не е оптимист дека може да се одложи датумот за одржување на парламентарните избори планирани за следната пролет. Тој го повтори претходниот став на СзС дека нема да учествува на претстојните пролетни избори.

-Времето веќе истече, рече Јеремиќ пред седиштето на делегацијата на ЕУ во Србија, додавајќи дека СзС нема да учествува во дијалогот во српскиот Парламент под водство на ЕУ за изборните услови.

Претседателот на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ, рече дека ги информирал своите соговорници за ситуацијата во Србија и оцени дека ситуацијата е бизарна затоа што седум години во јавниот простор „се инјектираат лаги, агресија и патологија “.

Тадиќ рече дека би сакал да постои ситуација опозицијата да излезе на гласање, а што се однесува до можното учество, тој изјави дека постои дијалог со претставниците на Европскиот парламент и дека тој ќе продолжи.

-Важно е повеќе да не се лажеме. Би сакал да бидам во можност да излезам на гласање. Самиот бојкот е проблематичен, но ова е изнудено решение, истакна Тадиќ.

Меѓународниот секретар на ПСГ, Натан Албахари рече дека тие ќе учествува во натамошниот дијалог и ДУРИ потоа ќе донесат одлука дали ќе учествуваат на изборите.

Албахари рече дека ПСГ ја известила делегацијата на Европскиот парламент за тековната состојба во медиумите и владеењето на правото, додавајќи дека ситуацијата не е „добра”. Тој рече дека европските претставници „ја разбрале пораката”.

На состанокот со делегацијата на Европскиот парламент присуствуваа од Сојузот за Србија, Движењето на слободни граѓани и Социјалдемократската партија.

Покрај Јеремиќ, од СзС присуствуваа и другите лидери на партиите членки на опозицискиОТ сојуз – Зоран Лутовац (ДС), Борко Стефановиќ (ССП), Небојша Зеленовиќ (ЗЗС) и Бошко Обрадовиќ (ДВЕРИ).

Делегацијата на Европскиот парламент вчера се сретна и со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој по средбата изјави дека ги „разбрал забелешките” за состојбата на човековите права, демократијата и медумските слободи во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот