Српската опозиција „1 од 5 милиони“ одлучи да се бори против Вучиќ на избори
По најавата за Бојкот, опозицијата денеска одлучи со здружени сили да излезе на избори и заеднички да го порази претседателот Александар Вучиќ.
Движењето „1 од 5 милиони“ ќе излезе на претстојните парламентарни избори, кои се најавени за април оваа година, соопштено е денес од оваа организација.
Покрај отфрлањето на бојкотот, „1 од 5 милиони“ прекинуваат и со протестите кои изминативе месеци ги одржуваа низ улиците во Белград и низ градовите во Србија, каде демонстрираа брајќи од владата на претседателот Александар Вучиќ меѓу другото бараа и менување на изборниот закон.
Валентина Рековиќ, една од членките на движењето, за информираше јавноста за оваа одлука.
– Драго ни е што многу имаа што да ни кажат овие денови. Ни стана јасно дека дел од опозицијата го обезвреднува обединувањето на опозицијата. Затоа, излегуваме на избори – вели Рековиќ.
За потсетување, Движењето „Еден од пет милиони“ минатиот вторник ѝ даде рок од една недела на Новата партија и Партијата за модерна Србија (СМС) да прогласат бојкот или спротивно – ова движење излегува на избори.