ВИДЕО | Српска инфлуенсерка откри дека има рак на матката: „Почувствував само еден симптом и ми беше чудно“
Српската инфлуенсерка и тиктокерка Данијела Станковиќ (33) на својот инстаграм-профил објави дека боледува од рак на грлото на матката.
Имено, Данијела објавила фотографија на која ја гледаме како плаче откако дознала дека боледува од лошата болест.
– 14 часот е, пристигна хистопатолошкиот наод, имаш рак. Стравот е обратна желба. Јас бев подготвена за овие резултати од првиот момент, чувствував, се плашев, не можеш да не се плашиш, бидејќи тоа е нешто што те крши на 1.000 парчиња во секунда. Изгледа страшно, но јас сум пострашна. Ќе го оставам ова овде за да ме потсети еден ден колку сила ние криеме во себе. И да ве потсетам да одите на редовен преглед, да си бидете себеси важни – напишала Данијела.
– И кога животот ќе ве скрши на ситни парчиња, кренете ја главата, борете се – нагласила таа.
Како што истакнала во интервјуто за српските медиуми, таа редовно одела на прегледи.
– Одев на шест месеци до една година, но ништо никогаш не укажуваше на проблем, освен два мали миоми на почетокот. На 31 година дознав дека имам миоми на матката, но според тогашната лекарка, немаше ништо алармантно – рекла на почетокот на разговорот, а потоа открила дали имала некакви симптоми.
– Што би рекол мојот лекар, ракот не боли. Но, јас поради болката во десниот јајчник, која беше многу прободувачка и сè почеста, отидов да ме прегледаат уште на едно место. Ми беше невозможно два мали миоми да предизвикуваат такви болки… Меѓутоа, кога отидов по повеќе мислења, дознав страшни работи, а тоа е што е претканцерозна состојба, моими кои ги има многу повеќе и ендометриоза на матката – потенцирала Данијела за „Стил.курир“.
@dayasbeautycorner I kada vas zivot slomi na sitne komade, podignite glavu, BORITE SE 👊🏽🎗️ #FUCKYOUCANCER ♬ original sound – utripovana