Српската и косовската комора ќе ги подобруваат бизнис релациите во Скопје

Стопанската комора/ Фото: МИА

Првиот состанок на тимовите на стопанските комори на Србија и Косово за надминување на административните бариери во економската соработка ќе се одржи во четврток, 30 март, во Скопје, соопшти Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), пренесува Н1 Инфо.

Таа средба, според најавата, „ќе се одвива во воспоставената динамика“ со цел што побрзо да се решат сите спорни прашања поврзани со административните бариери кои ја попречуваат економската соработка меѓу Србија и Косово. Во преговарачкиот процес за надминување на административните бариери во економската соработка меѓу Србија и Косово, ќе посредуваат советниците на претседателот на СКСМ Бранко Азески: Елена Милевска Штрбевска и Јадранка Аризанковска.

СКСМ во соопштението наведува дека усогласувањето на спорните прашања во трговската соработка меѓу Србија и Косово е „исклучително важно економско, но и политичко прашање бидејќи може да доведе до нормализирање на односите меѓу овие две земји, како нов чекор напред во односите кои се затегнати со децении“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот