Српската естрада бара протерување на Даниел Кајмакоски: „За него треба затвор“ (ФОТО)

Instagram
Фото: Инстаграм

Дел од српската естрада веќе на големо го осудува Даниел Кајмакоски кој за време на снимањето на „Твоето лице звучи познато“ сакајќи да ги покаже лакираните нокти, наводно, го покажал двоглавиот орел – симболот за Голема Албанија.

Фотографиите од Кајмакоски веднаш наидоа на остра критика во соседството, па немаше пејач и јавна личност во Србија која не го искоментира неговиот потег.

Фото: Дамир Дервишагиќ, Соња Спасиќ

Пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез кој исто така се натпреварува во ова шоу како и Слаџа Делибашиќ  беа едни од ретките кои му дадоа поддршка на Кајмакоски алудирајќи дека бил погрешно сфатен од јавноста.

Фотографиите од Кајмакоски веднаш наидоа на остра критика во соседството, па немаше пејач и јавна личност во Србија која не го искоментира неговиот потег.

 

– Не знам кој е тој Даниел, но секако е срамно, вели таа додека познатиот српски денсер беше најбрутален во својата изјава.

Веднаш да се исфрли од шоуто. До кога ќе ги толерираме овие проблематични личности од регионот кој доаѓаат во Србија да земаат пари од нашите граѓани. Дали ние сме сериозна држава која мора автоматски да го процесира ова однесување?, прашува тој.

Иван Гавриловиќ додава дека за Кајмакоски треба да следува затвор и автоматско исклучување од ТЛЗП.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот