Српска пејачка во стан криела арсенал оружје! На Инстаграм има слики со Аца Лукас, Буба Корели, Џала Брат и многу други (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Српската пејачка Радојка Кецман е уапсена заедно со државјанин на Шведска поради сомнение дека извршиле кривично дело – недозволено производство, чување, носење и продавање оружје и експлозивни материјали, како и поголема количина на оржује и муниција.

Полицијата извршила претрес во станот во Нови Сад кој го користи Радојка и пронашла две автоматски пушки, а во претрес во уште еден стан кое го користело лицето од Шведска биле најдени 11 автоматски пушки, 11 гасни пиштоли, пригушувачи и поголема количина на оружје од различен калибар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rada Kecman (@rada_kecman) on

– Едната од запленетите пушки била премачкана со бел лак кој криминалците го користат за после злочинот биде лесно запавливо. Лакот му помага побрзо да изгори, а најчесто се премачкуваат пред да се изврши убиство. Поради тоа, истражителите веруваат дека акцијата за убиство била кон крајот, но уште се проверува кој бил метата – изјавил полициски инспектор за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rada Kecman (@rada_kecman) on

Тој открил дека има сомнеж дека пејачката и нејзиниот пријател биле дел од криминална банда.

 

View this post on Instagram

 

??????

A post shared by Rada Kecman (@rada_kecman) on

Доказите кои полицијата ги пронашла, укажуваат на тоа дека тие го чувале оружјето за некого.

Според изјавата на инспекторот, со оружјето кое е пронајдено досега не е извршена ликвидација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rada Kecman (@rada_kecman) on

– Оружјето е ново, но сепак ќе биде испратено на вештачење за да се види дали и некој друг бил во контакт со него.

Инаку уапсената пејачка на Инстаграм е позната по тоа што објавува провокативни фотографии, а исто така таа има и неколку фотки на кои позира со познати пејачи од естрадата како што се: Аца Лукас, Буба Корели и Џала Брат и многу други…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот