Српска пејачка проба да се самоубие, не се знае што се случува со неа (ФОТО)

лекови

Контроверзната пејачка Дуња Илиќ, која веќе некое време живее во Италија, направила хаос во медиумите објавувајќи во живо на Инстаграм дека испила многу таблети и дека ѝ е доста од животот.

Фановите и медиуми се загрижиле, а со оглед на тоа дека живее во странство навистина е тешко да се дознае што се случило со пејачката. Многу нејзини следбеници прашувале на Инстаграм, барајќи некаква информација за српската пејачка.

„Нејзиното момче Фреди напиша на стори дека синоча доживеал сцена од хорор филм, но ноќта завршила така што спасил една душа“, стигнала наводно првата информација за Дуња, пренесува Курир.рс.

Скриншот

Како што јавуваат белградските медиуми, Дуња била пронајдена во бесознание. Помош ѝ била укажана и била пренесена во болница на чистење на желудникот. Таа во моментов закрепнува, а нејзините пријатели и членови на семејството биле шокирани од ова сознание. Нејзината мајка наскоро треба да тргне за Болоња за да биде заедно со своето дете.

Дуња се вклучила во живо на Инстаграм и рекла дека е уморна и дека умира.

„Умира, се плашам од непознатото. Ве молам слушајте ме, не го кажувам ова за да бидам во центарот на вниманието. Престанав да пијам алкохол пред една година и да земам кокаин. Сега умирам и не ми е грижа ако и не умрам, и тогаш нема да ми е грижа. Малтретирана сум од својата петта година. Кога отидов со татко ми и неговата тогашна девојка на едно патување, таа велеше дека неговиот однос кон мене е класичен инцест и болест. Јас верувам и ден-денес дека мојот татко кон мене имал емоции кои не се во склад со татковството. Ќе умрам, немам што да изгубам“, рекла Дуња и потоа раскажала дека се сомнева дека нејзините родители не се навистина нејзини, дека таа е посвоена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот