„Српска крвава свадба“: младоженец со пушка ранил седуммина сватови
Младоженец од српското гратче Тител, во Војводина, на чија свадба во инцидент со пукање биле ранети седум луѓе, е приведен и задржан до 48 часа, јавуваат локалните медиуми.
Според неофицијални информации, младоженецот, кој има само 26 години е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и кривично дело загрозување на сигурноста.
Иако првичните информации беа дека инцидентот се случил при изведување на обичајот за пукање во јаболко на свадбата, сознанијата од од истрагата покажуваат дека тоа не било случај, туку дека младоженецот невнимателно ја држел и ракувал со пушката, по што таа испукала.
Гостите на свадбата наводно биле ранети од парчиња сачма кои се распрснале откако удриле во бетон.
Сите детали за инцидентот и натаму се истражуваат.