СРЕЌНА ЖЕНА, СРЕЌЕН БРАК: Во врската е поважно жената да биде посреќна од мажот

Една интересна студија вели дека колку што е жената позадоволна и мажот ќе биде посреќен. Попросто кажано, поважно е жената да биде среќна, бидејќи нејзината среќа во бракот „повлекува“ среќа и за мажот.

Научниците тврдат дека ваквиот заклучок се заснова на женската психологија. Ако бракот е среќен и успешен, жените ќе прават сè повеќе и повеќе за својот партнер, што секако има позитивни ефекти и на животот на мажот.

Во студијата научниците анализирале 394 пара кои во просек биле во брак 39 години. Од испитаниците, мажите го оценувале бракот со повисока оценка во однос на жените, поради што експертите заклучиле дека ако жената е среќна, мажот е уште посреќен.

Студијата покажала дека жените стануваат несреќни ако нивниот партнер се разболи, додека нивото на среќа кај мажите не се менува доколку се разболи неговата партнерка.

Објаснувањето е едноставно. Жената секогаш се грижи за мажот кога тој се чувствува лошо, што е за неа особено стресно, но сè издржува на нозе. Од друга страна, кога жената ќе се разболи, најмногу се потпира на ќерка си (ако ја има), за мажот да не го почувствува стресот кој нејзе ѝ е веќе познат.

Се чини дека можеби постои правило кое води до успешна и долга врска или брак, а тоа гласи: Среќна жена, среќен брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот