СРЕЌНА ПРИКАЗНА: По 47 дена на интензивна, Марија го прослави првиот роденден

Се родила предвреме, поминала повеќе од два месеци на оделението за интензивна нега на Клиниката за гинекологија, но сега слави прв роденден. Ваква е приказната на малата Марија Илиева од Радовиш, која била донесена на свет минатата година во 29 гестациска недела со тежина од 1.210 и должина од 36 сантиметри, што е речиси половина од она што треба да го има бебе родено во нормален термин.

Мајката Цветанка вели дека на клиниката ја добивала целосната поддршка и е презадоволна од вработените.

-Во болницата дојдов со болки, примав терапија, но сепак не можеше да се одложи породувањето. Презадоволна сум од сите на клиниката и затоа сакавме и тука да го прославиме првиот роденден, ова сепак и беше првиот дома на Марија – вели Цветанка.

Таа е мајка на уште две поголеми машки деца.

Марија иако предвреме родена е дете без застој, со уредни офталмолошки и невролошки прегледи. На својот прв роденден на одделението за интензивна нега таа влезе сама одејќи, на што може да и позавидат и децата кои се родени навреме.

Вработените на Гинекологија ја пречекаа Марија со насмевка и и посакаа  весели детски дни и многу остварени сни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот