За среќен почеток на есента: 3 рецепти што морате да ги пробате во новата сезона

Времето надвор сведочи за фактот дека есента официјално ни пристигна! Оваа сезона се поврзува со нови почетоци, иако природата во својот нормален процес всушност полека венее.

Искористете ги благодетите на есента за да пробате нови рецепти!

ЧИЗКЕЈК ОД ТИКВА

Instagram

Состојки потребни за кората:

  • 2 шолји мелени бисквити
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • пола лажица мелен цимет
  • 120гр. стопен путер

Состојки потребни за филот:

  • 230гр. крем сирење
  • 20гр. пире од сварена тиква
  • 3 јајца и 1 жолчка
  • ¼ кисела павлака
  • 1 и пол шолја шеќер
  • пола лажица мелен цимет
  • малку рендано морско оревче
  • малку мелено каранфилче
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

Во сад со средна големина ставете ги мелените бисквити, шеќерот и циметот. Додадете го растопениот путер. Замесете ги состојките. Префрлете ги во сад за печење и израмнете ја смесата со раце.

За филот потребно е добро да ги измешате крем сирењето и пирето од тиква, јајцата, жолчката, павлаката шеќерот и зачините.

Полијте го филот врз кората и ставете во рерна. Колачот го печете околу 1 час. Кога ќе се испече и олади, ставете го во фрижидер да отстои четири часа пред да го послужите.

Доколку сакате, украсете со шлаг.

СУПА ОД ДОМАТИ И БОСИЛЕК

Instagram

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • малку целер
  • 3 чешниња лук
  • сол и бибер
  • 2 лажици доматно пире
  • околу 3 шолји сецкани домати или пелата
  • пола шолја сецкан свеж босилек
  • 6 шолји бујон од зеленчук (или растворена коцка за супа)
  • пола лажичка сода бикарбона
  • малку мајчина душичка за арома

Подготовка:

Во маслиново масло продинстајте го ситно сецканиот кромид, целер и лук. Додатете го доматното пире, сецканите домати, сол, бибер и останатите состојки. Затворете го тенџерето и варете околу 15 минути. Може да ја измешате супата со блендер за да стане погуста и хомогена. Додадете малку сецкан босилек и послужете ја супата додека е топла.

СУПА ОД КАРФИОЛ И ПАРМЕЗАН

Instagram

Потреби состојки:

  • 2 лажици путер
  • 8 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • сол, бибер
  • 2 главици карфиол
  • 8 шолји бујон од зеленчук (или растворена коцка за супа)
  • 2 шолји вода
  • малку власец
  • пола шолја изрендан пармезан

Подготовка:

На путер продинстајте го лукот и ситно сецканиот кромид. Додадете сол и бибер. Изрендајте го карфиолот (или исецкајте), во оваа мешавина истурете го бујонот од зеленчук, водата и зачините.

Ставете го капакот на тенџерето и варете 15 минути. Потоа на крај го додавате пармезанот и малку власец.

Измешајте со блендер за да добиете густа крем супа.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот