Среќна нова година: Жена вложила 80 центи во казино, добила над 200.000 евра

казино
Фото: Unsplash

Замислете вака да ви започне новата година! 40-годишна жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во градот Сен Мало во Франција,  откако ставила само 80 центи во слот апарат, изјавил во неделата директорот на казиното.

„Станува збор за почетничка во коцкање и слот апарат, која била на одмор со нејзината мајка. Освои 209.715,20 евра, втор најголем џекпот на казиното од воведувањето на слот апаратите за игри на среќа пред 30 години“, рекол директорот на казиното „Barrière“, Франсоа-Стефан Верњ.

Инвестирајќи само 80 центи во саботата околу 17 часот, на слот апаратот се покажала шестцифрена сума.

„Луѓето често не сфаќаат што им се случило во тој момент. Таа беше малку изненадена, ја тргнавме настрана и ѝ понудивме чаша шампањ“, рекол тој.

Во 2011 година во истото казино играч освоил 425.000 евра вложувајќи само 60 центи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот