СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, МАЈСТОРЕ: Фантастично видео за „Гранде Пандев“!

Фото: Принтскрин/Youtube/MP

Денеска нашиот репрезентативец Пандев го прославува својот 36 роденден, активен член на Џенова чии бои ќе ги брани и наредната сезона 2019/20.

Во 2020 година се најавува и завршување на неговата професионална фудбалска кариера, а таа би можел да ја круниса барем со историски настап на Европското првенство 2020 година.

Негова голема желба е да игра со „црвено-жолтите“ на континенталниот собир, има големо искуство во Серија А настапувајќи за врвни клубови како Интер, Лацио и Наполи.

Со „неро-аѕурите“ успеа да ја освои Лигата на шампионите, како и светската титула.

По повод неговиот роденден објавено е и едно фантастично видео, дефинитивно Горан Пандев, „Легендата“ продолжува…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот