СРЕЌАТА Е ВО МАЛИТЕ НЕШТА: Јадете тестенини за да бидете посреќни

тестенини

Едно од омилените јадења на сите генерации се тестенините. Јуфките, макароните, шпагетите, подготвени во комбинација со најразлични намирници, претставуваат идеална храна и кога станува збор за појадок, ручек или вечера. Како и да е, со оброк подготвен од тестенини, задоволни се сите членови на семејството, а според последните истражувања, сите што јадат тестенини не само што се чувствуваат посито туку се чувствуваат и посреќно.

Имено, Италијанците се луѓе што во светот се познати по својата отвореност, оптимизмот што го шират и уживањето во животот. Моментите кога со своите најблиски седнуваме на софрата и ја јадеме нашата омилена храна со добар разговор, ни даваат чувство на задоволство и нè прават среќни. Токму во тоа според нуртиционистите се крие тајната за среќа.

Италијанците постојано јадат тесто, а го консумираат во друштво на своите најблиски. Според нутриционистите, сложените јагленохидрати што се присутни во тестенините се заслужни за зголемено лачење на малку познатиот хормон на среќата. Покрај тоа, чувството дека сте најадени доколку јадете тестенини споредбено со некој друг вид храна трае многу подолго поради тоа што со нивното варење, бавно се ослободува енергија што на нашето тело му поттикнува чувство на задоволство.

Покрај тоа, омилената храна односно тестенините се важен дел од човековата исхрана, бидејќи во себе содржат многу витамини и растителни влакна. Ова особено важи за интегралните тестенини, кои се направени од цело зрно пченица, овес или ’рж. Токму поради тоа го имаат оној автентичен вкус и во својот состав содржат изобилство витамини, меѓу кои најважни се витамините Е и Б, како и магнезиумот и калциумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот